– Со 168 гласа „за“, Република Македонија денеска стана нова членка на Советот за човекови права на Обединетите Нации за периодот 2025-2027, на изборот што се одржаа во Генералното собрание на ОН во Њујорк, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНРиНТ).

Шефот на дипломатијата Тимчо Муцуснки на социјалните мрежи објави дека поддршката од земјите членки на ОН за овој избор е признание за придонесот на нашата држава како посветен промотор и заштитник на човековите права и слободи.

Муцунски нагласува дека една од главните цели по овој дипломатски успех ќе биде активното учество во Советот, придонесувајќи за глобална промоција на човековите права и подобрување на ситуацијата ширум светот, што е основа и на нашата кандидатура за членство



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.