Навистина е задоволство и привилегија што Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ е домаќин, јас ќе бидам подиректен на најзначајниот настан кој што младите на Европската Народна партија го одржуваат еднаш годишно, тоа е годишното Собрание, и практично нема политички подмладок и политичка партија која што не се бори да ја добие номинацијата во текот на годината да го организира ова годишно Собрание, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
Привилегијата и чест е оваа година тоа да се случува во Македонија, во Скопје во организација на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, што е огромна чест, привилегија, но во исто време е јасен сигнал од Европската народна партија за поддршката која што ја добиваме од нашите сестрински партии во еден исклучително предизвикувачки период и за Македонија и за регионот, во очи на следните претседателски и парламентарни избори кои што треба да дадат одговори на многу прашања во Македонија и да ја определат иднината на Македонија, дали Македонија ќе почне да оди напред и да се развива, или ќе остане заглавена во оваа кал.
Во таа насока не можам, а да не го искоментирам Извештајот на ЕК повторно, кој што го разгледувавме и пред неколку дена во рамки на Националниот совет за евроинтеграции кои што јасно посочува дека во Македонија корупцијата цвета, а економијата тоне, посочува дека нема реална борба со организираниот криминал и корупција, а најголеми проблеми се правосудството и обвинителството, нешто што секој граѓанин го чувствува, но сега го добивме и како потврда.
За тоа треба да работиме, а еден од начините за да работиме е вака да комуницираме со нашите пријатели од Европа, тука се градат и идните европски лидери. Во времето кога јас бев претседател на Унијата на млади сили во слични комуникации сум запознал луѓе кои што се денес лидери на своите држави, еден пример ќе ви споменам Џорџа Мелони која што стана премиер на Италија, до многу други кои што станаа министри, претседатели во своите држави и така натаму.
Така што ова е една голема привилегија за ВМРО-ДПМНЕ, можност и за Македонија да се презентира себеси, и уште еднаш сакам да честитам на Унијата на млади сили и да ја нагласам поддршката која Европската народна партија ја дава на ВМРО-ДПМНЕ, рече Николоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.