Во своето дело „Народите во Европа” од 1926 година, Германскиот етнолог Рихард Каруц (1867 – 1945) ги навел Македонците како засебен народ, покрај Србите, Бугарите, Грците, Романците, Албанците и останатите народи.
Каруц завршил медицина на Универзитетот во Јена (учествувал во Првата светска војна како воен лекар), а потоа изучувал етнологија во Либек. Неговиот интерес за етнологијата – и антропологијата – се јавил заради честите патувања, отпрвин во Јужна Америка, а потоа во Азија и Африка.
Каруц ја посетил Македонија за време на своите патувања на Балканскиот полуостров. Неговaтa посета е уште едно сведоштво за етничката особеност на македонскиот народ, изразена меѓу другото и преку македонските народни носии кои што Кaруц ги забележил преку цртежи кога посетил разни градови и села во Македонија.
Во 1896 година, Каруц станал шеф на етнолошкиот оддел на Музејот во Лубек (Museum am Dom). Следната година, неговата колекција (Lübeck Karutz Collection) станала своевиден независен етнолошки музеј, кој, на повик на Каруц до неговите пријатели и трговците ширум светот, примил огромен број експонати.
Голем дел од експонатите и материјалите биле уништени за време на бомбардирањето на Лубек од страна на сојузниците кон крајот на март 1942 годинa.
Во 1938 година, Каруц трајно се преселил во Дрезден, каде што останал до својата смрт на 10 февруари 1945 година.
ИЗВОР: Prof. Dr. R. Karutz, “Die Wolker Europas,” Atlas Der Völkerkunde, Franckhsche Verlagshandlung, Stuttgart, 1926, s.128.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.