Знаете што е понижување на медицински персонал?
Знаете зошто ќе не лекува Цацко за 5 години?
Ако се запрашувате како нè третираат – еве вака!!!
Дежурен цела ноќ (од 20-08 часот)
Кралица на медицината била хирургија, а титулата ја добила по тежина на пациентите и негата околу нив од нас, професионалците што треба да им ја дадеме. И да, така е.
Еве јас имам 28 пациенти тешки, исклучително тешки денес оперирани, од Интензивна излезени, а и веќе имам два приема хитни од другите градови, затоа што ние ја покриваме цела држава, буквално цела.
Е, сега да ја видиме нашата вечера и колку тоа се грижат за нас кои треба да се грижиме за сите вас и вашите блиски.
Еве, ова е таа една, ама високо калорична кифла од 8 сантима со наградна игра внатре во неа, а се вика „Најди го сиренцето“ ( јас имам среќа па неколку пати го имам најдено, навистина има урда внатре верувајте ми со свои очи ја имам видено )
Германијооо чекајте нè, утре уште еден автобус со медицински персонал трга натака и така секој ден по еден….
Уште бугарите у Устав и стижемоо Европо!
Фејсбук статус на Ѓорѓи Петрески, хирург на ЈЗУ Универзитетска клиника за неврохирургија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.