ДУИ викаат дека се интеграции во ЕУ и се интересираат за уставните измени, а главна цел на Али Ахмети е како да го донесе својот пријател и полубрат Никола Груевски. Заедно се научени и без него не може да си ја реализира целта. Изгледа сака да го подели ВМРО-ДПМНЕ, а главна цел е како да остане на власт уште малку, вели лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, кој сега е дел од здружениот Европски сојуз за промени.

Тој очекува да победат во албанскиот блок и вели дека тоа зависи од повеќе фактори. Гаши истакна дека ги повикале и Алијанса за Албанците да им се придружат, но не знаат дали ќе се одлучат на таков чекор.

-Сигурно повеќе од 15 пратеници, сепак зависи од бројките и излезноста. За првпат албанскиот гласач ќе биде исправен дали да гласа за ДУИ и партиите со нив или ќе гласа за албанската опозиција. Секоја трета опција ќе биде осудена на пропаст, рече Гаши во емисијата на „Слободен печат“.

Запрашан дали би преговарале и би седнале на маса со СДСМ, лидерот на Алтернатива вели дека нивниот концепт е да победат во албанскиот блок и потоа владината коалиција да се склучи меѓу победниците од двата блока.

-Сакаме да добиеме легитимитет од Албанците и да ги претставуваме нив. После тоа ќе видиме кој ќе биде победник од македонскиот блок и врз основа на нашите приоритети, ќе видиме со кого можеме да ги имплементираме, кажа Гаши.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.