Ако станува збор за човечки живот, не ми претставува проблем да одам в затвор зашто сум го прекршил Деловникот, ама сум спасил човечки живот. Нетреба да имате дилеми кога станува збор за општиот интерес на државата. Секогаш кога ќе треба да се брани општиот интерес, интересот на граѓаните, ќе постапувам според Уставот, рече Африм Гаши, на денешната прес-конференција за Предлог-законот за бранителите на комисиска расправа.
Претседателот на Собранието Африм Гаши следната недела ќе ја свика Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, но не затоа што тоа го побара потпретседателот на Собранието Јован Митрески, туку затоа што спикерот „така планирал“.
Митрески побара деловничката комисија да расчисти дали е прекршен Деловникот, затоа што претседателката на Комисијата за социјална политика Илире Даури не го стави Предлог-законот за бранителите на комисиска расправа и дека Гаши не закажа седница на тоа работно тело.
Според Деловникот, претседател на Собрание може да свика седница на Комисија, но, јас уште претходно најавив дека за колизија помеѓу членови од Деловникот, секогаш ќе свикуваме Комисија за деловнички-имунитетни прашања. Ако можеме и експертската јавност да ја вклучиме, за да можеме да донесеме поквалитетни заклучоци, изјави денеска Гаши.
Тој вели дека не може да суди дали претседателката на Комисијата, Илире Даути го крши Деловникот со тоа што не постапила по соодветните чекори, по кои мора да постапи.
-Тоа е простор за интерпретација на различни политички аспекти. Секој како што гледа, може да оцени. Не можам јас да судам. Што се однесува до предлог-законот, одземена ми е можноста да свикам седница која веќе е свикана во одреден ден кога требало да се постапи по тоа прашање. Тоа останува во доменот на Комисијата за социјална политика, прецизира спикерот Гаши.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.