Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ денес оствари средба со новоименуваниот специјален претставник на Франција за Западен Балкан, Рене Троказ.

Вицепремиерот, го запозна специјалниот претставник Рене Троказ на неговата прва официјална посета на Македонија, со тековните состојби, скрининг процесот, реформите, со цел приближувањето на државата до полноправно членство со ЕУ.

На состанокот, говорниците се согласија дека Европската интеграција е единственото и оптимално решение за нашата држава.

Со цел да се оствари нашата заедничка стратешка цел, полноправно членство во унијата, присуството на Франција и гласот на Париз се исклучително важни за Македонија, поттикнувајќи забрзување на динамиката на преговарачкиот процес на државата.

Присутните се сoлгласија дека Франција и Македонија остануваат посветени за заедничка заложба за остварување на европската перспектива на нашата држава, и одржување на стабилноста на Западен Балкан и Европа во целост.

На состанокот присуствуваше и амбасадорот на Република Франција, НЕ Сирил Бомгартнер и претставник од француското министерство за надворешни работи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.