Претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон дер Лајен денеска пристигна во посета на Македонија.
На прес конференција со премиерот Христијан Мицкоски, таа ја оцени средбата како добра.
„Навистина е добро да се слушне дека сте толку посветени на вашиот пристапен пат кон ЕУ. Македонија постигна многу и покажавте одлучност во преземањето на секој чекор. Навистина сакам да ја пофалам Македонија и да оддадам почит на луѓето, сега работата навистина треба да продолжи, сакам да оддадам почит и на фактот дека сте 100% усогласени со нашата надворешна и безбедносна политика. Сакам да ви се заблагодарам вам и на РСМ за поддршката за Украина. Имаме многу области каде имаме одлична соработка и навистина сакам да се заблагодарам за сето тоа“, вели фон дер Лајен.
Таа додава дека имаат јасна цел а тоа е да се отвори кластерот „Фундаментални вредности“ што е можно побрзо.
„Треба да поминат уставните измени за кои вашата држава се согласи дека ќе ги направи, и со заеднички дијалог се надевам дека сите политички сили ќе се здружат во земјата и ќе ги преземат потребните одлучни чекори за напредок и уверена сум дека можеме да ги надминеме пречките кои што се уште постојат“, вели Фон дер Лајен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.