Министерот за правда, Игор Филков, на денешната прес-конференција изјави дека се чека исходот од процедурата за екстрадиција на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, осудени на доживотен затвор за петкратното убиство кај Смилковското езеро во случајот „Монструм“. Филков посочи дека процедурата е во тек и дека се очекува решение секој момент.
Тој потсети дека во октомври имал работна средба со косовската министерка за правда, Албулена Хаџиу, каде било разговарано за случајот „Монструм“. Од косовска страна било потврдено дека барањата за екстрадиција се процесуирани и дека Министерството за правда на Македонија ќе биде информирано кога ќе има нови информации или решение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.