Институтот помилување е многу битна работа во државата. Не смееме да дозволиме да биде предмет на дневнополитички игри и препукувања, а нас тоа ни се случува. Еднаш веќе осудени лица теба да ги пратиме на ресоцијализација. Не можеме повторно да ги судиме во јавноста, изјави денеска министерот за правда Игор Филков одговарајќи на новинарски прашања во врска со помилувањето затвореници, по посетата на Казнено поправниот дом од отворен вид Струга.
Тој појасни дека Министерството за правда не помилува, туку може да даде само препорака за намалување на казната од еден до шест месеци. Потоа, додаде, таа препорака оди кај Претседателката, односно кај Комисијата. Министерството, нагласи, има еден член и тој нема право на глас, односно не гласа.
Како министер за правда забележа дека е потребно освежување на Комисијата која носи одлуки за помилување.
Во однос на препукувањата на релација Вишо Републичко обвинителство и Државниот виш обвинител, кажа дека е во тек со случувањата.
– Будно ја пратиме работата, но во овој момент навистина не би имал што да коментирам. Да почекаме да видиме што ќе се случи, изјави Филков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.