Многу споменуваниот документ за препораките на Оценската мисија на ЕУ не е на располагање во Министерството, изјави денеска министерот за правда, Игор Филков, за време отчетотот за „Стоте дена Влада“ дека. Според него кога си заминувал од функцијата неговиот претходник, Кренар Лога, го зел со себе документот.
„Голем предизвик за нас е фактот дека Министерството за правда не располага со толку споменуваниот документ со препораки за Судскиот совет на Оценската мисија на ЕК. Иако се работи за документ кој е класифициран, истиот е земен од мојот претходник и Министерството за правда не располага со него. Сега се снаоѓаме како знаеме, се потпираме на електронски верзии на дел од документите кои ги содржат препоракиите. Но без официјално образложение и без допис од ЕК“, обвини Филков, кој најави дека за докуметот на Оценската комисија тќе одржи посебна прес конференција и ќе бара одговорност.
Актуелниот министер за правда вели дека затекнал девастирано Министерство. Тврди дека целосно бил испразнет кабинет од документација, а место тоа нашол по 200 парчиња маици, чадори и чаши за кои фактурите не биле платени. Му биле оставени тој да ги плаќа. Имало и фактури за плаќање за лаптопи, телефони и електрични скутери, но не и документација за кого се набавени. Затекнал и нефункционален возен парк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.