Лидерот на СДСМ, Венко Филипче во „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека ветувањето за зголемување на пензиите не е исполнето од страна на ВМРО-ДПМНЕ, и дека сега со ова покачување се прави дупка во пензинскиот фонд од 10 милиони евра месечно.
„За жал тоа во целост не е исполнето ветување. Ветувањето беше 5000 денари покачување. Дупката која се отвора во пензинскиот фонт е 10 милиони евра месечно, или нешто повеќе од 100 милиони евра годишно. Ако има зголемување во следната година, ќе биде и 200 милиони евра годишно, што е сериозна сума“, рече Филипче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.