Maкедонија го доби најлошиот извштај од независноста до сега.ЕК не забележа напредок во ниту една област. Со ова паднаа маските за т.н „европски фронт“ бидејќи тој фронт доби најниски оценки во борбата против корупцијата и судството. Наместо да се свести дека не ја бива и оти се неопходни избори власта ја обвини опозицијата дека е виновна за неуспехот.
ВМРО-ДПМНЕ смета Извештајот на ЕК за Македонија констатира неуспеси и неспособност на власта на секое поле. Имено јасно е наведено дека во извештајниот период не е постигнат напредок, т.е. не успеале да се адресираат и имплементираат исклучителните препораки од Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ (ОДИХР) и Венецијанската комисија. И тоа во година во која МНР Османи се промовира како претседавач на ОБСЕ.
ЕК констатира дека власта прекумерно употребува брзи процедури за носење закони, вклучително и користењето на така нареченото европско знаменце, со што не се дава можност законски решенија да поминат низ квалитетна дебата.
ЕК нотира дека нема напредок во зајакнувањето на судската независност и подобрување на правната рамка за заштита на основните права. Немањето пак реформи резултира со немање напредок во борба против корупцијата. А јасно се нотирани и Измените во КЗ кои ја поречуваат работата на органите во иднина да гонат и санкционираат кривични дела кои се опфатени со измените.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.