Евроамбасадорот Михалис Рокас денеска ќе ги предаде копиите од Извештајот за Македонија за 2024 година на претседателката Гордана Силјановска-Давкова, на претседателот на Собранието Африм Гаши и на премиерот Христијан Мицкоски, информираат од Делегацијата на ЕУ во земјава.

Копиите од Извештајот, Рокас, како што е најавено, утре ќе ги предаде и до претседателот на Врховниот суд Беса Адеми.

Прес-конференција за презентација на Извештајот за Македонија за 2024 година ќе одржат евроамбасадорот Рокас и министерот за европски прашања Муртезани во петок во зградата на Владата.

Во наредниот период пакетот ќе биде претставен и во Собранието на Македонија, како и пред граѓански организации.

Откако „Пакетот за проширување“ денеска беше усвоен од страна на Колеџот на комесари, тој официјално ќе биде презентиран на прес-конференција во Брисел од страна на високиот претставник за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел и еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.