Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во рамки на учеството на Самитот за климатски промени (КОП29) во Баку, оствари средба со премиерот на Чешката Република, Петр Фиала.
На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, а во фокусот на разговорите беше евроинтегративниот процес.
Претседателката Сиљановска Давкова ја изрази решеноста од македонска страна за натамошен развој и зајакнување на силното партнерство со Чешката Република, како на билатерално и мултилатерално политичко ниво, така и во доменот на економската соработка.
Претседателката Сиљановска Давкова се заблагодари за принципиелната и доследна чешка поддршка за македонската евроинтеграција оценувајќи ја Чешка како важен партнер и силен поддржувач на процесот на проширувањето на ЕУ.
На средбата, претседателката Сиљановска Давкова посочи на потребата ЕУ да биде јасна и непоколеблива во својата стратегија за проширување кон Западен Балкан, не оставајќи простор за нејаснотии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.