Епископoт Јаков Стобиски одново повика на протест кој ќе се одржи пред Соборен храм. Тој посочи дека причината се двата закони – едниот за матична евиденција, другиот за родова еднаквост. На црквата и пречи контекстот кој се дава на поимот „род“, како и тоа што еден од законите предвидува промена на ознака за пол со изјава. Епископот се огради од евентуален говор на омраза и скандирање. Според него, диктатура е на сметка за остварување на нечии права, да се остваруваат правата на други.
Светиот Синод на МПЦ-ОА организира сенароден собир, каде искажуваме протест против нешто со кое не се согласуваме, особено ние како сериозни чинители на нашето општество. Бараме повлекување на двата закони, од кои едниот е веќе во Собрание – а тоа е Законот за измена во матична евиденција, а вториот е предлог-законот за родова еднаквост кој се подготвува да влезе. И покрај забелешките за содржината на двата закони, како црква имаме впечаток дека се инсистира да се продолжи постапката и тие да станат официјални во нашето општество со нивната содржина. Овој собир не е против никого, туку против содржината на овие закони, кажа епископот.
Тој го повика народот на присуство. Посочи дека предлог-законите ќе ја ограничат слободата на говор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.