Ембла е видливо посреќна откако се врати во училишните клупи, вели Илир Адеми, таткото на 11-годишното девојче со Даунов синдром од Гостивар, случај кој предизвика големо внимание во јавноста, откако беше објавено дека родителите на нејзините соученици не ги пуштаат своите деца на училиште затоа што таа учи со нив.
Адеми во гостувањето на ТВ21 вели дека и покрај тоа што Ембла не може тоа да го искаже, таа е видливо среќна од враќањето меѓу врсниците.
Таа е посреќна. Чувствува дека се врати меѓу врсниците, иако не може да ја изрази радоста, ние као родители знаеме дека таа е среќна, затоа што е голема разликата од времето кога беше осамена. Ние како родители исто така сме среќни што оваа работа се заврши, рече Илир Адеми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.