По четири месеци конечно е познато што сработеа експертите кои требаше да ги подготват уставните измени за тие да бидат прифатливи за опозицијата да гласа за промена на Уставот. Општиот заклучок е дека извиканите експерти додоа пет запирки и шест нови народи или делови од народи. Се разбира дека хрватскиот, црногорскиот, словенечкиот, еврејскиот и егиќаните се само колатеална штета или корист за она што треба да го постигне промената на Уставот-а тоа е внесување на Бугарите.
Експертската работна група ја сочинувааСали Мурати . Маргарита Цаца Николовска ,Бајрам Положани,Бранко Наумовски,, Јетон Шасивари, Ана Чупеска,Елена Михајлова Стратилати – Беса Арифи, Јагода Митревска и Марија Пандевска.
Нивната работа изгледа вакаво формулацијата: „Граѓаните на Република Cеверна Македонија, македонскиот народ, дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите“, после зборот бошњачки народ се става запирка и се додава: „бугарскиот народ, хрватскиот народ, црногорскиот народ, словенечкиот народ, еврејскиот народ и еѓипќанскиот народ“.
Измени ќе има и во Комитетот за односи меѓу заедниците.Се предлага да се измени бројот на членовите и тоа наместо досегашните 19 члена, бројот да се зголеми на 43 члена при што по 16 члена од редот на пратениците во Собранието Македонци и Албанци и по еден член од редот на пратениците Турци, Власи, Роми, Срби, Бошњаци, Бугари, Хрвати, Црногорци, Словенци, Евреи и Египќани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.