Драги пријатели, во политиката влегувам со искрена желба да ги промениме работите, порача кандидатот за градоначалник на општина Маврово Ростуше на ВМРО-ДПМНЕ Мевмед Џафери.
Целиот живот го посветив на медицината и како доктор најдобро што умеам е да помагам на луѓето. Време е тоа да го направиме и во политиката и само заедно, со цврста волја и работа можеме да ги промениме работите, а на Маврово Ростуше му треба будење, му требаат промени и домаќинско работење. Како ваш пријател, сосед, ваш сограѓанин ви ветувам дека ќе бидам вашиот глас во општината и заеднички ќе ги решаваме проблемите, порача Џафери.
Промените во земјата започнаа, вели тој, и тие ќе се заокружат во Маврово Ростуше, за промени, проекти, за победи и само така ќе создадеме нова иднина.
Домаќински и одговорно. Да ги промениме работите кои донесоа стагнација, да ја ослободиме општината од приватните и лични интереси, да не биде повеќе извор за богатење и злоупотребa на поединци, туку место каде ќе создаваме иднина за секој еден човек во нашата општина.
Ви ветувам беспоштедна работа и промени. Јас сум Мевмед Џафери, вашиот избор за градоначалник на нашето Маврово Ростуше, порача Џафери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.