Двојна е предноста на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ, а убедливо водство има и Гордана Силјановска-Давкова пред Стево Пендаровски. Ова е впечатокот од вчерашната  анкета на Институтот за Политички истражувања ИПИС Скопје.

Поддршка за ВМРО-ДПМНЕ е најизразена во првата и петта изборна единица. Во изборна единица еден на прашањето “за која партија ќе гласате на претстојните парламентарни избори“, за ВМРО-ДПМНЕ се изјасниле речиси два пати повеќе испитаници отколку за СДСМ,21.6 проценти спрема 11.3 проценти. Трета е ДУИ со 6.8 проценти, Левица има пет проценти а Коалицијата вреди 5.4.

Слични се резултатите и во петта изборна единица. Таму ВМРО-ДПМНЕ во март има рејтинг од 22.8 проценти. СДСМ 13 проценти. ДУИ 7.3 проценти, Левица 3.2 проценти. Алијанса на Албанците 1.4 процент, додека пак коалицијата Вреди 2.5 проценти. Движење ЗНАМ има 2.8 проценти.

Голем процент од граѓаните во изборната единица еден се убедени дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на претстојните парламентарни избори.

На прашањето која партија сметате дека ќе победи на следните парламентарни избори. За ВМРО-ДПМНЕ во март се изјасниле 33.1 процент, додека за СДСМ само 10.1 процент од граѓаните. За ДУИ 6.4 проценти, додека пак за коалицијата Вреди се изјасниле 5 проценти. Левица 4.1 процент, Движење ЗНАМ 3 проценти, за Алијанса на Албанците се изјасниле само 0.5 проценти од граѓаните.

На истото прашање во изборната единица пет и тука граѓаните сметаат дека ќе победи ВМРО-ДПМНЕ односно 33.5 процент од испитаниците одговориле позитивно, додека само 12.4 проценти од граѓаните одговориле дека тоа е СДСМ.

Нема изненадувања и кога станува збор за претседателските избори.

На прашањето за кого ќе гласате на претстојните претседателски избори анкетираните во Изборната единица 1 во јануари рекле дека за Гордана Силјановска Давкова ќе гласаат 19,4%, во февруари 22,4%, во март 25,5%. За Стево Пендаровски во јануари се изјасниле 9.7%, во февруари 11.2%, во март 14,2%. За Бујар Османи во јануари се изјасниле 6,6%, во февруари 6,6%, во март 7%. За Арбен Таравари во јануари се изјасниле 4,4%, во февруари 5,4%, во март 6,5%. За Билјана Ванковска во јануари се изјасниле 4,3%, во февруари 4,8%, во март 4,5%. За Максим Димитриевски во јануари се изјасниле 3,6%, во февруари 3.8%, во март 4,5%. За Стевче Јакимовски во јануари 0%, во февруари 1%, во март 1,4%. За ниеден во јануари 16%, во февруари 12,2%, во март 12,6%.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.