Повикот од Алтернатива за обединување на партиите на Албанците околу идно барање за формирање на „заедница на албански општини“ по примерот на барањето на Србите во Косово за формирање на заедница на српски општини за ДУИ е несериозно барање зад кое се крие обид за опстанок на политичката сцена.

Патетично, антиамериканско и антиевропско барање кое оди на штета на конечното решение на косовското прашање. Неуспешен обид за опстанок на политичката сцена по доживеаното фијаско и целосно погрешно и деструктивно распоредување, соопштија кусо од ДУИ.

Сепак, потпретседател на ДУИ, Изет Меџити, повикот на Алтернатива го смета за добар.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.