Демократскиот сојуз загрижен во врска со како што велат од оваа партија, неодамнешното назначување на поранешен келнер за нов генерален директор и претседател на Управен одбор на Македонски Железници Транспорт АД-Скопје.
Сметаме, додаваат од партијата на Трајанов, дека раководните позиции во јавните претпријатија мора да бидат пополнети со професионалци со долгогодишно искуство, знаење и висок степен на професионалност и интегритет.
Ја повикуваат Владата да ја преиспита својата одлука и да почне да применува транспарентен и мерит процес на селекција при сите именувања во јавните претпријатија.
Владата мора да даде приоритет на компетентноста, стручноста и интегритетот при изборот на поединци за такви позиции. Политичката припадност не може и не смее да биде главен критериум при вработување или поставување на раководна позиција.
Граѓаните очекуваат со јавните претпријатија да раководат врвни професионалци, одговорно и транспарентно.Од суштинско значење е Владата преку поставување на носители на јавни функции да води сметка за нивната компетентност, стручност и интегритет.
Некомпетентното раководство има негативно влијание и врз успешноста на претпријатието, а тоа има одрз и врз земјата во целина. Лошото одлучување ќе доведе и до дополнителни финансиски загуби и намалени јавни услуги, се додава во нивното соопштение.
Оваа пракса, како што појаснуваат, прави огромна штета на угледот на претпријатието и државата во целина, а младите кадри ја напуштаат земјата.
Демократски сојуз инсистира на поголема одговорност во процесот на именување и назначување на функционери, транспарентен процес и цврсти критериуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.