Министерот за правда, Кренар Лога, лично го доставил до Државниот Универзитет во Тетово, решението за регистрирање на правната клиника во регистарот на Министерството за правда.
Како што соопштија од Министерството за правда, решението било предадено во присуство на ректорот на Универзитетот во Тетово, проф. Др. Куштрим Ахмети, претседателот на Сенатот, проф. Др. Вулнет Амети, деканот на Правниот факултет, проф. Др. Јусуф Зејнели, проректорот за финансии, проф. Др. Фатон Шабани и генералниот секретар на УТ, Адем Беадини.
Раководството на Универзитетот во Тетово на министерот Лога му подариле фотографија на основачот и прв ректор на УТ, Д-р. Фадил Сулејмани, за што, се наведува во соопштението, министерот изјавил дека отсега ќе заземе значајно место во неговиот кабинет.
Пред раководителите на УТ, деканатот и професорите на Правниот факултет, министерот Лога уште еднаш ја изразил подготвеноста за соработка, како и за вклучување на професорите во сите работни групи за составување на закони.
Лога нагласил дека се додека тој раководи со овој ресор, Министерството за правда секогаш ќе има отворена врата за професорите и студентите од правните науки на Универзитетот во Тетово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.