Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев денеска беше во посета на управните служби на МВР кои се наоѓаат во зградата на Македонската телевизија од каде и објави видео на својот Фејсбук профил.

Видеото немаше да биде на мета на критика во јавноста додека не се злоупотребеа личните податоци на македонските граѓани за политички цели.
Имено на дел од видеото се гледа како тој додека го посетува просторот за подигнување на патни исправи, камерманот во крупен кадар снима два пасоша на наши сограѓанки без да се заштитат нивните лични податоци.

Тоа лесно може да се забележи и преку направениот „принтскрин“ кој може секој да го направи и од телефон и од компјутер…



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.