Силно ги поддржуваме вашите евроаспирации и сакаме што побрзо да се одржи меѓувладината конференција. Премногу се одолговлекува нејзиното одржување. Исполнивте тешки задачи, ги исполнивте реформите и заслужувате брзо да напредувате. Иднината на Македонија е во ЕУ, порача помошник државната секретарка на САД за европски и евроазиски прашања, Карен Донфрид по денешната средба со министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
На заедничката прес-конференција со Османи во МНР, Донфрид истакна дека пристапувањето на земјава во ЕУ ќе донесе поголема стабилност на Балканот и поголем простперитет во Европа.
-САД изразува пофалби за напорите на Македонија за евроатланстката иднина. Силно ги поддржуваме вашите евроаспирации и сакаме што побрзо да се одржи меѓувладината конференција. Предолгo се одолговлекува нејзиното одржување, нагласи Донфрид.
Таа ја пофали земјава и во однос на јасно изразениот став околу руско-украинскиот спор.
-Вие сте бранители на демократијата и на владеењето базирано на правила. Застанавте заедно со меѓународните партнери во поддршка на украинскиот народ. Знаете колку е важна слободата и повеќе пати сте докале дека сте стабилен партнер. Ова е време на предизвици и можности Македонија покажа дека е способна да застане во одбрана на човековите права. Треба да го одржите темпото на реформите, но покажавте дека можете да се справите со предизвикот, подвлече американската помошник државнаа секретарка.
Таа дополни дека САД ја ценат и улогата на нашата држава во тројката на ОБСЕ, како и дека со нетрпение го очекуваат нашето претседавање.
Донфрид го најави и стратешкиот дијалог на двете влади што треба да се одржи во Вашингтон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.