ДОМ останува силен критичар на корупцијата во сите државни институции, стои во писменото соопштение на Партијата.

После лишување од слобода на овластената градежна испекторка во општина Куманово за земање мито, ДОМ бара одговори од надлежните институци:

– дали правниот субјект ќе биде санкциониран за градење надвор од градежната дозвола,

– дали незаконски изградената градба ќе биде срушена,

– дали ќе се направи ревизија и на останатите испектирани градби од истиот испектор

– конечно дали ќе се охрабрат овластените комунални испектори (или треба да се санкционираат за не спроведување на закон со умисла и интерес) да го применуваат Законот за зеленило на сите градби во општина Куманово и државата, каде е предвидено 20% од градежната парцела да биде зеленило.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.