Главниот директор за Европа и НАТО во Пентагон, Олтон Бјуланд во пресрет на самитот во Вашинтон испрати порака дека државите од Западен Балкан треба да ги направат потребните реформи за влез во ЕУ, како и дека долгиот процес на интеграција може да доведе до тоа Русија и други малигни актери да го искористат незадоволството на народот.
Тој не сакаше да ги коментира изјавите на премиерот Христијан Мицкоски и на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова дека ќе го користат уставното име на државата во официјален контекст, а ќе го употребуваат името Македонија во изјави и како чин на лично право на самоопределување и самоидентификација. Вели дека одговори на такви прашања треба да даде Стејт департментот.
Гласот на Америка на македонски на 19 јуни го праша Стејт департментот дали Мицкоски со употребата на две имиња за државата, дома Македонија, а во странство Македонија, се обидува да создаде лажен впечаток дека се придржува до Договорот од Преспа. Од прес-службата тогаш одговорија дека „изјавата на мандатарот Мицкоски дека ќе го користи уставното име на државата во сите официјални контексти е во склад со Договорот од Преспа“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.