Нема ниту еден пратеник во коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ кој што е спремен да гласа за промена на Уставот, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Николоски вчера во емисијата „Само интервју“ нагласи доколку не се променат условите, тогаш како партија не се спремни ниту во следниот парламентарен состав да поддржат уставни измени.

Под овие услови не сме спремни да гласаме за промена на Уставот и доколку условите не се променат ни во овој ниту во следен парламентарен состав не сме спремни да го направиме тоа, затоа што многу едноставно е прашањето, а тоа е што Македонија добива, а што губи. Губи многу, добива малку, кажа пратеникот.

Николоски истакна дека македонскиот систем не познава ад хок комисија за уставни промени.

Процедурата е многу јасна. За да се смени Устав има три фази. Првата фаза е со двотретинско мнозинство да се гласа таканаречена потреба за промена на Устав. Потоа во рамки на Собранието има Uставна комисија која подготвува текст кој поминува со 61 пратеник. Истиот потоа се дава на јавна расправа, се собираат мислења од експертите и како финален текст оди уште еднаш во Собранието со двотретинско мнозинство. Целата процедура трае 105 денови. Ова е устваната процедура во Македонија. Се друго е играње детски игри, кажа потпретседателот на најголемата опозициска партија.

Според него тие нема да прифатат промени во Уставот, освен ако се примени хрватскиот модел каде што ќе стои дека Македонија е национална држава на македонскиот народ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.