Дојави за поставени бомба пристиганале изутринава во Министерството за надворешни работи, до Градскиот трговски центар и до неколку средни училишта во Скопје.

Информираме дека до Министерството за надворешни работи преку електронска пошта пристигна информација дека во зградата се поставени експлозивни направи. Министерството веднаш ги извести соодветните служби во МВР, по чии насоки заградата е веднаш евакуирана. Соодветно на безбедносните протоколи, штом се создадат соодветни услови, вработените ќе се вратат на работа, соопштија од МНР.

Дојави за поставени екплозивни направи пристигнале и до ГТЦ, гимназиите „Јосип Броз – Тито“, „Орце Николов“ и „Никола Карев“.

Околу 08.20 часот, пак, во Полициска станица Кавадарци било пријавено дека на електронска адреса на едно основно училиште во Кавадарци е упатена закана за поставена експлозивна нaправа.

Екипи на МВР веќе се на терен и преземаат активности за проверка на објектите.

Дојава за поставена бомба утрово пристигнала во кулите на Џевахир, каде во тек е евакуација.

Освен анонмимни дојави за поставени бомби во средни и основни училишта минатата недела имаше закани за бомби и во институции и трговски центри.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.