Владата денеска на седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец мај, при што им препорача на деловните банки да обезбедат пензионерите да може да располагаат со мајските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 29 мај.
Владата го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 26 мај.
-Се препорачува за пензии со висина до 11 илјади денари, исплатата да се изврши на 29 мај 2023 (понеделник); за пензии со висина 11.001-14 илјади денари, исплатата да се изврши на 30 мај (вторник); за пензии со висина 14.001-18 илјади денари, исплатата да се изврши на 31 мај (среда) и за пензии со висина над 18.001 денари, исплатата да се изврши на 01 јуни (четврток), соопшти владината прес-служба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.