Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, денес даде изјава по подигањето на мандатите на пратениците во која најави дека новата влада очекува да биде формирана до средината на идниот месец.

Денес по покана на Државната изборна комисија ги подигнавме мандатите на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и нивните уверенија. Со добивањето на уверенијата, до 28 мај очекуваме да се формира Собранието на Република Македонија, до средината на јуни очекуваме да ја имаме и новата влада во Република Македонија.

Сакам да изразам огромна благодарност до граѓаните на Македонија, за поддршката што ја дадоа на ВМРО-ДПМНЕ и за големата одговорност сакам да посочам дека ова е голема одговорност за нас како пратеничка група, како ВМРО-ДПМНЕ. Но, сакам да укажам дека ќе ја оправдаме оваа нивна дадена одговорност.Но меѓутоа сакам исто да кажам дека во периодот што следи ние како ВМРО-ДПМНЕ ќе се насочиме кон борба против криминалот, корупцијата и ќе се насочиме кон подобро образование, здравство и ќе дадеме надеж дека тука може да се живее, работи подобро од она што беше до сега. И за брзо граѓаните на државата ќе го увидат тоа – изјави Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.