Државната комисија за спречува на корупцијата (ДКСК) за МИА потврди дека по сопствена иницијатива отвориле предмет за проверка на податоците за имотна состојба и интереси на Бесија Иљази, в.д. организациски директор на Универзитетска клиника за токсикологија Скопје.
Во пишаниот одговор од Антикорупција пратен до МИА се потенцира дека причината поради која ДКСК отвора предмет, е во тоа што таа поднела два анкетни листови во кои го навела својот имот – едниот додека била советник во Општина Тетово, а другиот откако станала економска директорка на Клиниката за токсикологија.
-Лицето Бесија Иљази на ден 14.02.2024 година до ДКСК има доставено Изјава за имотна состојба и интереси во новиот електронски систем за поднесување на изјава за имотна состојба и интереси за функцијата в.д. организациски директор на Универзитетска клиника за токсикологија Скопје. Истакнуваме дека за функцијата советник на Општина Тетово, лицето има доставено анкетен лист на ден 03.12.2021 година, но дел од податоците не се внесени или истите се нецелосни. Во вакви случаи, ДКСК согласно член 92 од Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси врши проверка на вистинитоста на податоците внесени во изјавата за имотната состојба и интересите во случај кога постапува по конкретен предмет или врз основа на годишниот план за работа. Во периодот од 03.12.2021 до 03.12.2023 година, за наведеното лице немало отворено предмет за постапување, како период за можност за постапување по истиот односно за поведување прекршочна постапка против истото, велат од Антукорупциска.
Од ДКСК за МИА посочуваст дека податоците во двата анкетни листови не се идентични, а в.д. директорката Иљази нема пријавено промена на истите во меѓувреме.
Организациската директорка на Тосикологија деновиве се најде во центарот на вниманието поради забраната на вработените да даваат изјави за медиуми без нејзина согласност, како и поради оспорените договори за вработувања на клиниката за што по извршенета контрола од Државниот санитарен и здравствен испекторат е утврдено дека биле потпишани само од Иљази, а не и од медициснкиот директор како што предвидуваат законските одредби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.