Директорката на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) Оливера Трајковска, во просториите на ИВЗ се сретна со Поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ) Реис ул Улема хаџи хфз. Шаќир ефенди Фетаи.
Официјалната посета на директорката на Комисијата за односи со верските заедници и релиозните групи беше од слободен карактер и имаше за цел меѓусебно запознавање и споделување на досегашни искуства, како и идни соработки на полето на верската толеранција и соживот. Мултиетничкото општество е спој на различни култури и етникуми, аналогно на тоа и спој на различни верски заедници кои манифестираат свој белег преку слободно изразување на своите верски права и слободи, се вели во соопштението од КОВЗРГ.
Во соопштението се додава дека стабилно, просперитетно и толерантно опкружување е заедничка желба на сите верски заедници и оти токму затоа сите стремежи на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи се насочени кон конструктивни дијалози и соработки.
Реисот ул Улема хаџи хфз. Шаќир ефенди Фетаи изразил благодарност за досегашната соработка и најавил нејзино продолжување во континуитет, со цел, како што рекол, сите заеднички да учествуваме во градењето и негувањето на едно општество исполнето со мир и меѓусебна почит.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.