Најостро ги осудувам ваквите вандалски однесувања, особено кога доаѓаат од страна на овластени службени лица, во овој случај полициски службеници, вели во свој статус на Фејсбук, кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.

 Класичен пример како не треба, за жал со ова се потврдуваат многуте тврдења на локалната самоуправа дека тој кој што со закон е обврзан да го прави редот, прв и во континуитет го крши.
– Работите одамна избегаа од контрола, не ни очекувам било што да корегираат, освен да се фалат со безбедноста на хартија и на партизирани настани и да не замајуваат дека живееме во најбезбедна држава во која со калашникови како на филм се убиваат, но спас има и од вас како и од тие пред вас на ист начин, на избори, народот ќе ве смени.


Возилово на МВР е паркирано преку тревникот и живата ограда на тротоарот и велосипедската патека на влезот на градот на новиот кружен тек на бул. Трета МУБ, а на десет метри на спротивната страна од улицата има новоизграден паркинг простор кој во овој момент е полупразен. Навистина “убав пример за граѓаните”, а подоцна ќе барате од Општината да свикува совет за превенција преку кој наводно ќе ги едуцирате возачите на совесност, невидена хипокризија…
Со вашиот непрофесионализам, полуписменост и лукративност ги елиминиравте професионалците, институциите станаа ваш заложник, а ние секој ден се повеќе се срамиме од вашите институции кои ги приватизиравте.
Благодарам на граѓанинот, кој совесно го пријави ова до мене, а јас во интерес на јавноста го споделувам со Вас, стои во постот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.