Утре во 19 часот дијабетичарите ќе излезат на предупредувачки протест пред Министерството за здравство оти немаат терапија и со месеци се оставени без ленти и глукомери.
Како што соопштуваат од Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија, се одлучиле за протест по долго трпение, конструктивност и соработка.
Завршија сите рокови, логички, правни, измислени и смислени игри и манипулации… Заврши времето на лаги и обезличување на 150.000 граѓани, на 45.000 лица со дијабетес на инсулин! Заврши сето што можеше ‘нашето’ Министерство за здравство и „нашата“ Влада, ги манипулираа 700 дечиња и млади со пумпи, сетови за пумпи, сензори, глукомери и со терапија! Имаме најиновативна инсулинска и анти – дијабетна терaпија, благодариме, но не ја добиваме! Зошто? Затоа што им поминаа и на администрацијата и на одгворните сите рокови … затоа што дојде време да си го земеме она што по Устав, закон и буџет ни следи, велат од Сојузот на дијабетичарите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.