Излезноста во вториот круг на претседателските избори до 17 часот е 42,32 отсто, изјави претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски на прес-конференција попладнево.

Процентот на излезност до 17 часот, како што соопшти првиот човек на ДИК, е од пристигнати податоци од 2.040 избирачки места со вкупно запишани 1.069.029 гласачи. Според Даштевски, до 17 часот гласале 452.412 гласачи или 42,32 отсто.

Најголема излезност до 17 часот е забележана во Општина Новаци – 66,47 отсто, а најмала во Општина Липково – 6,48 отсто.

Споредено со претседателските избори во 2019 година, како што додаде Даштевски, излезноста до 17 часот е поголема за 7,19 отсто, а во споредба со првиот круг на претседателски избори 2024 за 0,01 отсто.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.