Специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан Стјуарт Пич денеска пресотјува во посета на Република Македонија.

Пич ќе има средба со претседателот на Собранието Талат Џафери, а предвидени се средби и со претставници на Владата.

Стјуарт Пич попладне заедно со министерката за одбрана Славјанка Петровска и британскиот амбасадор во Скопје Метју Лосон ќе присуствуваат на примопредавањето на донацијата од Обединетото Кралство која вклучува 14 мобилни единици за обука за припадниците на Армијата во урбана средина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.