Обидот за првото апсење на демонстрант во Охрид заврши со судир помеѓу полицијата и демонстрантите. Маж кој фрли со предмет кон терасата каде е сметен бугарскиот клуб и каде има гости присутни на свеченото отвoрање, требаше да биде уапсен, но по жестоките реакции на демонстрантите полицијата се откажа од намерата.

Атмосферата во центарот на Охрид станува се потензична. Демонстрантите се се понервозни, а пцовките доаѓаат од двете страни, како од демонстрантите така и од гостите во бугарскиот клуб каде има низа провокации.

Протестот започна пред половина час, а има и големо полициско обезбедување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.