Партијата Демократско движење (ДД) на Изет Меџити изрази загриженост поради економски показатели кои, според партијата, алудираат дека Владата на најлош можен начин управува со државата.

Граѓаните веќе секојдневно се сведоци дека животниот стандард е толку низок и веќе се руши целосно од неспособноста на Владата да се соочи со економските предизвици. Според последниот извештај на Народна банка ‘Глобални економски перспективи’, степенот на инфлација која Македонија ја има во моментов ја поставува на чело на табелата во споредба со земјите од регионот со 8.4%.

Инфлација – јули 2023:

Србија

Македонија

Црна Гора

Хрватска

Босна и Херцеговина

Албанија

Косово“, велат од партијата.

Од ДД велат и дека Македонија е последна во регионот и по економскиот раст.

Исто така, оваа Влада, во која управуваат кадари на ДУИ со скоро сите економски ресори, не успева со економскиот раст на државата која е последна во нашиот регион со 1.8%.

Економски раст 2023:

Црна Гора

Албанија

Косово

Хрватска

Босна и Херцеговина

Србија

Македонија“, велат од ДД.

Од партијата посочуваат и дека според Светска банка и јавниот долг расте и во моментов изнесува 59,1%, а до крајот на годината ќе порасне на 60,2% од бруто-домашниот производ (БДП).

Демократско движење упатува загриженост кон досегашните владини политики и бара од Владата да создаде зацврстена монетарна политика и домаќинско фискално управување“, додаваат од партијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.