Демократскиот сојуз до семејството на Вања Ѓорчевска изразува длабоко сочувство и жалење за трагедијата што се случи.

ДС бара темелна истрага и расчистување на сите аспекти во врска со грозоморното убиство на Вања Ѓорчевска, како и ликвидацијата на Панче Жежовски. Преку темелна и сеопфатна истрага ќе се разјасни и дејствувањето на МВР.

„Инаку, последните неколку години во Македонија делуваат класични мафијашки организации под заштита на партиите на власт поради што тие станаа недопирливи. Познати криминалци се фотографираат со функционери на СДСМ и ДУИ и се користат во изборни активнисти.
Поврзаниста на политиката и мафијата ги пасивизира клучните државни институции, затоа криминалците збеснаа и станаа недопирливи.

Последниот крвав настан се случи во време кога се одржуваше конференција на Советот на ОБСЕ, во Скопје и во услови на преземни највисоки мерки на безбедност. Но, овој криминален чин покажа дека мерките биле фрлање прашина во јавноста“, вели Демократскиот сојуз.

Од таму очекуваат сите вклучени во овој криминален настан да понесат одговорност.

МВР, ЈО И СУДОТ мора да работат ефикасно,одговорно и законито, без какви било пропусти и оправдувања, велат од ДС и бараат Владата да прогласи Ден на жалоста, а лидерската средба да се одложи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.