Демократскиот сојуз ги осудува шовинистичките и сепаратистички изјави и пароли „Македонија е бугарска” на групата Бугари предводени од европратеникот Ангел Џамбаски минатиот викенд во Скопје.
Во Македонија сите граѓани, вклучително и оние кои се чувствуваат како Бугари, може да го негуваат својот етнички и културен идентитет, да формираат здруженија и да ги чествуваат настаните од историјата кои сметаат дека се значајни за нив, но тоа не смее да биде со негирање на македонскиот народ и неговиот идентитет и на штета на карактерот на македонската држава.
Демократскиот сојуз ги повикува надлежните институции да ги прогласат за персона нон грата личностите како Ангел Џамбаски и пратеникот во бугарскиот парламент Костадин Костадинов, кои со своите провокаторски изјави и настапи не придонесуваат за негување пријателство и добрососедски односи помеѓу македонскиот и бугарскиот народ и двете држави.
МВР треба да ги следи сите овие активности и во кординација со АНБ, да реагира и да презема мерки согласно законскитe надлежности.
Нека ценат граѓаните дали со ваквиот однос треба Бугарите да бидат дел од конститутивните народи и да бидат вградени во Преамбулата на Македонскиот Устав.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.