Партијата Демократски сили на Ромите во текот на вчерашниот ден свика итен состанок на претседателството и извршниот одбор на органите на партијата во пресрет на лидерската средба на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, закажана на 07.06.2023 (среда ) во клубот на пратеници.

На состанокот од страна на присутните било истакното дека Ромите во Македонија од страна на актуелната влада не се воопшто застапени во извршната власт, а постојано зборуваат за европски вредности и влез на Македонија во Европската Унија.

-Партијата Демократски сили на Ромите апелира до актуелната влада наместо да брза за измена на уставот и внес на Бугарите, да се запраша каде се Ромите во оваа држава и што со нивната сиромаштија?! Наместо измена на уставот на државата и прослави по елитните хотели нека ги видат најновите истражувања, каде што минималните трошоци на едно семејство во март 2022 изнесуваа над 50.000 денари. Јавно ги прашуваме сите претставници на актуелната влада да кажат колку се тие семејства во Македонија кои имаат 50.000 денари плата за да го преживеат месецот, велат од партијата.

 

ДСР ги прашува владините претставници: „Дали знаете дека Ромите најголем дел се социјални случаеви“?!

-Дали имате сознанија дека Ромите по државните клиники се оставени да умираат без никаква соодветна здравствена помош да им се даде?! Дали знаете дека на Ромските деца во училиште им е забрането да ја искажат нивната религиозна определба?! Поради ова, партијата Демократски сили на Ромите – ДСР, како долгогодишен и стратешки партнер на ВМРО-ДПМНЕ, како и поради довербата што е стекната помеѓу двете партии, во пресрет на лидерската средба, недвосмислено ја дава поддршката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и ставовите кои се завземени заедно со ДСР и другите коалициони партии.
ДСР силно верува во намерите и способностите на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ професорот Мицкоски, кои ги има кон Ромите и кон сите граѓани во Република Македонија, велат од партијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.