Партијата Демократски сили на Ромите – ДСР на состанок во рамки на органите на партијата направи консолидација и координација во пресрет на претстојните претседателски и парламентарни избори. Уште еднаш беа потврдени позициите на партијата што извршниот одбор ги имаше донесено.
Исто така на оваа средба од страна на општинските организации на ДСР низ целата држава, беа предложени и усвоени методи на дејствување на партијата во периодот што следи, со цел поголема мобилизација на Ромските гласови за изборите, бидејќи од оваа катастрофа што ја зафати Македонија најмногу се погодени токму Ромите.
Крајно време е Ромите да излезат од дома, да дејствуваат и да се борат против ваквата состојба. Ромите секогаш биле лојални на оваа држава и сметаме дека е време за соодветна застапеност на Ромите во институциите на системот почнувајќи од Собранието на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.