Денес воопшто не е лесно Ром да си, вели политичарот Ерџан Демир.
„8-ми Април Меѓународен ден на Ромите, на денешен ден во 1971 година во Лондон се одржа еден поголем меѓународен конгрес и на тој конгрес беше донесена одлука за ромската химна за која била избрана песната џелем, џелем и одлука за знамето за кое била одбрана сино-зелена со црвена тркало во средината, симбол на напредокот и движењето, но и миграција на Ромите во текот на историјата. Идеата е да се нема свечени прослави и коктели туку на денешен ден да се подигне гласот и свеста за проблемите со кои се соочуват Ромите.
Ромите во Македонија не се дојденци туку староседелци историјата вели дека сме тука уште и од времето на Александар, нас тука не имаше, не има и ќе не има. Уште за Ромите се вели дека се Космополите (граѓани на светот) луѓе кои реално немаат своја татковина, а за своја татковина ја прифаќаат земјата во која се родени, таму каде што живеат и работат.
И ние сме националист но не и шовинисти, си ја сакаме заедницата, нацијата но не ги мразиме другите туку напротив ги почитуваме.
За жал и денес Ромите во Македонија се уште сме маргинализирани, дискриминирани, нај сиромашна заедница, граѓани со највисок процент на невработеност, граѓани кои сеуште живеат во супстандардни услови импровизирани живеалишта, без документација, социјална и здравствена заштита итн итн
Поминаа декадата за ромите и уште многу стратегии, проекти и планови како да се подобри ситуацијата но реално, ништо или многу малку е нешто поместено. Како резултат на посебно лошите услови за живот за најголем дел од ромскот население, Ромите како најранлива етничка група во земјава по многу основи, најмногу заминуваат од Македонија многу повеќе од Македонците, Албанците и другите.Овој процес мора да запре не само за Ромите туку и за сите други.
За нашите проблеми потребни ни се институционални решенија а не ад-хок решенија и етноцетристички политиките.
Жално е што последниве године оваа заедница буквално ги преживеа своите најтешките години, сме минимизирани и притиснати до крај. Сето тоа за кое со години се трудевме, работевме изминативе године го изгубивме, буквално се ние одземено од раце. Упорноста е една од карактерните особини кај Ромите, не се откажуваме, ќе продолжиме да се бориме за подобар живот на идните генерации.
Сепак, свесен сум дека ни претстои уште многу работа. Сè уште постојат стереотипи и предрасуди кои фрлаат сенка на македонскиот модел на соживот. Треба уште многу работа за да ја постигнеме посакуваната цел: еднакви можности и права како предуслов за достоинствен живот за секој припадник на ромската заедница во Република Македонија.
Ромската заедница е нераскинлив дел од македонското мултиетничко, мултијазично и мултирелигиско општество. Традиција и култура, светоглед и филозофија на живеење се вткаени во секојдневие и како такви никој не смее да ги релативизира и минимизира.“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.