Во врска со натписот на Телевизија 24 од 24.07.2024 со наслов „Дритон Кучи бил министер за економија кога во 2016 година е издадена концесијата за внуцита на Али Ахмети“, како и прес-конференциите објавени на официјалниот Јутуб канал на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ на 25.07.2024 и 26.07.2024 година оддржани од страна на Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, сакаме да ве информираме дека се работи за комплетна невистина и погрешно пласирани информации во јавноста.

1. Друштвото „Еверест ЏД“ ДООЕЛ Скопје има склучено Договор за концесија за експлоатација на минерална суровина – варовник на локалитетот „Буковиќ“, општина Зајас, заведен под архивски број на Министерството за економија  24-3114/16 од 07.07.2006 година. Ова е спротивно на тврдењата на Телевизија 24 дека Дритон Кучи бил министер за економија во времето кога е издадена концесијата за експлоатација на минерални суровини.

2. Во однос на изнесените невистини од страна на г-дин Лефков, би сакале да ги демантираме информациите кои беа пласирани на двете прес-конференции во врска со неплаќањето на концесискиот надоместок. Во прилог на овој Демант, ги споделуваме сите уплати кои друштвото „Еверест ЏД“ ДООЕЛ Скопје ги има направено за периодот од 2016 до 2024 година, по основ на концесиски надомест за простор и експлоатација.

Ваквите лажни твдења прават штета на компанијата, како и на личниот углед на сопственикот Дрин Ахмеди. Исто така, апелираме до надлежните институции, вклучително Министерството за внатрешни работи, да ги проверат исказите во нивната истрага.

Дрин Ахмеди, Управител и сопственик на Еверест ЏД ДООЕЛ Скопје



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.