- Делото за кое се гони групата на Беким Незири е меѓународно кривично дело воведено во македонското законодавство во време кога самиот Незири бил министер за економија.
- Незири и тројца осомничени не се во притвор, но обвинителството не се откажува од таа мерка и поднесе жалба откако не им беше определен. Барањето ќе се разгледува откако адвокатите ќе ги достават одговорите за што имаат рок до денес наутро.
- Кривичниот суд смета дека не ја загрозил истрагата со своето соопштение во кое за да го оправда отфрлањето на притвор за приведените, скрати дел од членот Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај, објави Телма.
Кривичното дело по член 303, став 2, по кое се гонат осуммината од групата на Беким Незири за упадот во контролата на летање е ставено во Кривичниот законик на крајот на декември 2015-та во време кога министер за правда и предлагач е исто од ДУИ како и Незири (министер за правда беше Аднан Јашари). Незири кој е осомничен во истиот период беше министер за економија.
Тој член е согласно меѓународните обврски на Македонија, произлезени од Конвенцијата за сузбивање на незаконски дејства против безбедноста на цивилната воздушна пловидба потпишана во Монтреал на 24 февруари 1988 година.
За да се изврши усогласување со Протокол за сузбивање незаконски дејства на насилство на аеродроми, кои се користат за меѓународна цивилна воздушна пловидба, како надополнување на Конвенцијата за сузбивање незаконски дејства против безбедноста на цивилната воздушна пловидба се предлага нов став 2 со кој се инкриминираат дејствијата со кои се загрозува безбедноста на аеродром за меѓународна цивилна авијација, уреди или авион кој не е во употреба или со кои се попречуваат услугите на аеродром“, се вели во образложението за измена на Кривичен Закони за член 303, став 2, од декември 2022 година.
Одлуката поминала и изгласана е на собраниска седница на 22 декември во 2015-та, а групата предводена од Незири е прва врз која се применува ова меѓународно кривично дело против безбедноста во воздушниот сообраќај.
Целиот текст овде.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.