Во спомен на загинатите бранители во 2001 година кај месноста Љуботенски бачила, делегација од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата предводена од началникот, генерал потполковник, Васко Ѓурчиновски и државниот секретар, Елизабета Чуповска Ристова, денеска положија венци со свежо цвеќе пред спомен-обележјата на загинатите бранители во село Волково, село Љубанци и пред спомен-плоча во касарната „Илинден“.
Како што информираат од Министерството за одбрана, претходно, делегација од Генералштабот на Армијата положила цвеќе пред спомен-обележје на паднатиот бранител Томислав Настевски во Општина Ѓорче Петров.
-Во чест на загинатите бранители на спомен обележјата свежо свеќе положија и членови на нивните семејства и делегации од кабинетот на претседателката и врховен командант на Армијата, од Владата, од Општините Ѓорче Петров и Бутел, граѓански здруженија и организации и претставници на политички партии, соопштуваат од министерството.
На денешен ден, пред 23 години, на патот кај месноста Љуботенски бачила животот го загубија Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димоски и Раде Јанковски, припадници на резервниот состав на Армијата
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.