Ова е Болницата за нефрологија во Струга. Некогаш модерна и со добри услови, а сега се соочува со проблеми, со објектот, но и со медицинскиот персонал. Изградена е во 1984 година, а до денес е реновирана само еднаш, односно саниран е кровот кој почнал да прокиснува. Има доволна и современа опрема, но внатрешниот дел од објектот има потреба од одредени поправки.
Директорот вели дека има доволно специјалисти и субспецијалисти, а за дефицитот од медицински сестри и хигиеничари го известиле и Министерството за здравство. Што се однесува до реновирањето, објаснува дека добиле проект од швајцарската амбасада.
Она што го загрижува директорот на оваа здравствена установа се и високите сметки за струја што почнале да ги добиваат од неодамна. Смета дека тешко ќе ги покријат, особено во текот на зимскиот период.
Оваа болница беше силно погодена за време на пандемијата, вели директорот Попоски, имајќи предвид дека лицата со бубрежни болести имаат многу коморбидитети, имаат дијабетес и други срцеви заболувања, а коронавирусот дополнително им ја отежна состојбата. Од јуни 2020 година до сега се третирале 191 случај со коронавирус, од кои околу 40 пациенти ја изгубиле битката со вирусот, но по вакцинацијата е забележано значително намалување на бројот на смртни случаи.
Преземено од ТВ21
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.