Одлука за случајот во кои се обвинети поранешни акционери на компанијата Скопски пазар, Апелацискиот суд во Скопје сè уште не донесе. Покрај контроверзите кои досега го следат овој случај, а за кои веќе пишувавме, спорно е и учеството на судијката Габриела Гајдова во советотот на Апелација, кој треба да одлучува по поднесената жалба, пишува „МКД.мк“.
За време на изборот, Дамева за Габриела Гајдова, судијка од Основниот суд Велес, рече дека „таа не само што учествува на конференции и тркалезни маси, туку е храбра и да го креира казненото право”.
Значи Гајдова е избрана за судијка во Апелацискиот суд со глас и од Весна Дамева, а сега треба да одлучува за случај во кој управител на оштетениот е токму сопругот на Дамева и е во позиција да се „реваншира” на Дамева за силната поддршка при нејзиниот избор. Многумина очекуваа Гајдова да биде изземена од овој случај, но тоа не се случи.
Повеќе на МКД.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.