Во министерството за политички систем била вработена снаата на шефот на обвинителството за гонење на организиран криминал, Ислам Абази и истата потоа била трансферирана во АЕК, една од институциите со највисоки плати во Македонија. Артан Груби должи одговори како токму снаата на Ислам Абази, Шпреса Абази била вработена, а потоа и трансферирана во АЕК, прашува ВМРО-ДПМНЕ.
Да потсетиме дека Ислам Абази по опис и попис на својата должност треба да ги испитува криминалите и корупцијата на оваа власт. Но јавноста до ден денешен нема видено ниту еден отворен случај или обвинение за некој функционер. Впрочем што да се очекува од човек кој има фото албум од блиски средби со функционери на ДУИ, а со случајот на неговата снаа и поврзаност и со Артан Груби.
Јавноста очекува Абази да го гони криминалот на власта, вклучително и од функционерите на ДУИ, а не да замижува пред него и да го забошотува. Нема се уште истрага за скандалите со коридорите, нема истрага за дуќанот на семејството Груби, нема истрага за скриените имоти на владините функционери, вклучително и аудито на Груби, нема истрага за скандалот „Соравија“ и Дрин Ахмети, нема истрага за стотици други афери за оваа власт на ДУИ и СДС.
Дали фотографиите, дали блискоста, дали вработувањата, дали трансферирањата, дали нешто друго е причина не знаеме, ама видливо е дека Ислам Абази една година по изборот нема поведено никаква постапка против било кој владин функционер, а најмалку против некој од ДУИ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.